(ВИДЕО) Силно невреме го погоди познатиот грчки остров: Луѓето останаа заробени во возила

Невреме придружено со град и торнадо го погоди грчкиот остров Родос. Поради високиот водостој на патот, граѓаните останаа заробени во своите автомобили

Пожарникарите со едно противпожарно возило утрово се обиделе да ослободат три лица кои останале затрупани во возилата, пренесува Телеграф.

И синоќа Родос беше погоден од невреме.

Во исто време, штета предизвика и торнадото што се случи во северниот триаголник на Родос, поточно од областа Калитеа до областа Зефирос.

Како што е познато, силно торнадо откорна или скрши гранки од големи дрвја, а штети беа предизвикани и во областа Неа Марина.

13.02.2024 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега