ВИДЕО: Силно невреме во Далмација - река вода улиците, морето ги исфрлило едриличарите на копно

Во раните попладневни часови вчера дошло до невреме и град во делови на Далмација.

Околу 13:30 часот, големо невреме со град го зафатил подрачјето на Каштел Штафилиќ и западниот дел на Каштели, а невремето постепено се шири кон областа на Сплит, каде што интензивно грми, пишува „Индекс“.

Освен тоа, млади членови на еден едриличарски спилтски клуб на море доживеале вистинска драма.

Ги фатило невремето и ги превртило, па ги исфрлило на крајбрежјето.

Сообраќајот низ Каштели бил скоро целосно запрен поради силниот град и дождот.

Дваесет минути подоцна, обилниот дожд проследен со грмежи стигнал до Сплит.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.06.2020 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега