ВИДЕО: Силно невреме во регионот - ветерот искорнал дрва стари 100 години, гром удрил во куќа

Невреме проследено со град стигнало во хрватско Загорје, а градот паѓал во Кумровци, Крапина, Сисак и други места.

Издадено било портокалото предупредување за поголем дел на Хрватска.

Во една загрепска куќа удрило гром, па се запалил и кровот, но пожарот брзо бил изгаснат.

Загрепските пожарникари за време на невремето имале околу 30 интервенции. За поголем број станувало збор за испумпување на вода.

Во Сисак ветерот искорнал дрва стари стотици години и липи заедно со коренот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2019 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега