ВИДЕО: Силно невреме во Скопје - откронати покриви од згради излетаа на улица

По силното невреме го синоќа го зафати Скопје, покриви во згради завршија на булеварот Паризански одреди, во Карпош 4, кај трговскиот центар Антико.

Прво паднал еден покрив, а по кратко време, од соседните згради излетале и други два покриви.

Во моментот кога покривите излетале од силниот ветер, на улицата имало вработени во Комунална хигиена, кои навремено се повлекле и не биле повредени, информира А1он.

Радио и ТВ водителот Виктор Петров познат во јавноста како Викса на својот фејсбук профил објави видео на кое може да се види како им се помага на две лица врз кои најверојатно удрил покривот од зградата во Карпош по силниот ветер во Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 07:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега