ВИДЕО: Скандал во Норвешка, Ерлинг Халанд исфрлен од ноќен клуб

Напаѓачот на Борусија Дортмунд е на одмор по завршувањето на сезоната во Бундес лигата.

Слободното време преку ден го исполнува со физичка работа заедно со своето семејство и пријатели а навечер е дел од забавите во ноќните клубови.

Халанд поради засега непозната причина бил исфрлен од еден ноќен клуб во Норвешка, а при излегувањето надвор фудбалерот видно незадоволен сакал да се „дообјасни“ со обезбедување.

Чекаме реакција од Борусија Дортмунд, нема да биде изненадување ако играчот заработи и казна поради ваквото однесување.

12.07.2020 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа