ВИДЕО: Скнадал ја тресе Шведска - политичарот Дарко Мамковиќ снимен како шмрка кокаин

Шведскиот политичар кој има балкански корени, 52-годишниот Дарко Мамковиќ, кој во моментов ја врши должноста функционер во градот Норчепинг, наводно е снимен како конзумира кокаин.

„Тоа беше грешка кога бев пијан на приватна забава, каде се испостави дека личноста која ми ја даде супстанцата ќе се труди да се снабди со компромитирачки материјал против мене со цел изнуда“, рекоментирал Мамковиќ.

На снимката, која ја објави Expressen, наводно се гледа дека Дарко Мамковиќ седи на маса, а пред него има конзерви со енергетски пијалоци и наргиле, но и бел прав за кој се тврди дека е кокаин. Мамковиќ два пати се наведнува кон масата.

Извори на Expressen тврдат дека за информација дека Мамковиќ конзумира наркотици се разговарало вмеѓу Социјалдемократите во Шведска. Дополнителен проблем е тоа што Мамковиќ е истакнат функционер на партијата во Норкопинг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега