ВИДЕО: Словенците ја запалија статуата од Меланија Трамп во нејзиното родно место на Денот на независноста

Дрвената статуа на првата дама на САД, Меланија Трамп во близина на нејзиниот роден град Севница во Словенија е запалена, а потоа и отстранета.

Американскиот уметник Бред Дауни, кој ја осмисли и нарача скулптурата изјави дека таа била запалена на 4-ти јули, односно на Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.

Статуата која е во природна големина на Меланија беше подигната во јули минатата година. Беше изработена од локалниот уметник Алес Зупевц по нарачка на Дауни.

Локалните жители, иако се горди на фактот што нивна сограѓанка е прва дама на најмоќната земја на светот, сепак не беа задоволни од дрвената статуа, нарекувајќи ја „срамна“ и споредувајќи ја со Штрумфета.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа