ВИДЕО: Словенечките пожарникари стигнаа во Македонија

Утрово пристигнаа 16 противпожарни возила и 46 пожарникари од Словенија, да помогнат во гаснењето на пожарите во Македонија.

„Се надевам дека ќе ги скротите огновите што е можно поскоро“, и напиша министерот за одбрана на Словенија Тонин на министерката Шекеринска, информирајќи ја за брзата реакција на сојузничката земја.

Завчера министерката се заблагодари за помошта од соседните држави и НАТО сојузниците и рече дека Северна Македонија може да смета на своите пријатели во неволја.

„Навистина ми е драго што колегата Тонин многу брзо реагираше позитивно, и по првичните најави за помош кои што дојдоа од Србија и Бугарија, имаме ист одговор и од страна на Словенија. Тоа покажува голема солидарност од страна на нашите сојузници и од соседите”, рече министерката Шекеринска.

 

05.08.2021 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа