ВИДЕО: Со неверојатна брзина удри во „шкода“ - автомобилот летна и удри во наплатната куќичка во Хрватска

На наплатната рампа кај хрватската Света Хелена, на автопатот А4, со тешки повреди се здобиле три лица, откако еден автомобил со сета сила се забил во друго возилото.

Повредени се родители и дете,кои веднаш се пренесени во блница и се наоѓаат во кома.

Имено автомобил марка „БМВ“ со неприлагодена брзина се забил во нивниот автомобил „шкода“ кој стоел пред наплатната рампа и чекал да ја помине паратината. Кога автомобилот „БМВ“ налетал на нив со сета брзина, „шкодата“ летнала и удрила во бетонски ѕид, а потоа во наплатната куќичка. 

На пожарникарите им требало 45 минути за да го извлечат брачнот пар и детето од автомобилот.

Иако автомобилот удрил во делот од куќарката во која седела работничката, за среќа таа не е повредена.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега