ВИДЕО: Специјалците „апсеа“ разбојници што украле артефакти

На показната вежба, чие сценарио беше замислено како разбојништво извршено од страна на тричлена група во јавна установа – музеј специјалците покажаа што можат.

- „Ефикасно изведените вежбовни активности се плод на континуирана професионална и стручна едукација, тренинг и обука на полициските службеници, кои се јасен показател дека полицијата е подготвена да ги заштити јавниот ред и мир, сигурноста на граѓаните, безбедноста на државата во целина“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Истакнувајќи ја важноста на припадниците на полицијата, министерот Спасовски пред учесниците на вежбата ја истакна заложбата за што поквалитетни предуслови за работа.

- „Со задоволство можам да ве известам дека во наредниот период, а најдоцна до крајот на 2019, ќе следува целосна реконструкција на кошаркарските и одбојкарските игралишта, овде, во полицискиот центар, а на почетокот на 2020 се очекува тие да бидат ставени во функција. Планирано е на почетокот на ноември да ги промовираме и новите десет интервентни комбиња наменети за единиците ЕБР, ПЕП и ЕСЗ, а до првата половина на декември веќе е нарачана и ќе пристигне спортската опрема за сите припадници на единиците ЕБР, ЕСЗ и за ПЕП, како и 300 комплети опрема за интервенции при нарушен јавен ред и мир, кои до крајот на годината ќе бидат испорачани“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2019 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега