(ВИДЕО) Стоилковски: Дали владата со потпис на Артан Груби ја става Македонија во партнерство со бугарската мафија?
Дали владата со потпис на Артан Груби ја отвори вратата за криминалните пари на бугарското подземје и ја стави Македонија во партнерство со бугарската мафија, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„По низа толкувања и заобиколувања на законите, владата тивко, со потпис на Артан Груби летово, дозволи отворање нови видео лотарии, односно онлајн коцкање! Тоа е овој документ со потпис на Артан Груби. И тоа не за една, туку за три нови онлајн коцкарници, во партнерство со државната лотарија – односно со државата! Државната лотарија, пак, овој септември распишува оглас во којшто речиси е направен фоторобот на идниот партнер на ДУИ и СДС, и којшто во никој случај не може да биде домашна фирма“, вели Стоилковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа