(ВИДЕО) Стоилковски: Измените на КЗ се за амнестија на власта
Измените на КЗ се за амнестија на власта, смета Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали како партија го делат ставот со партиите од албанската опозиција дека измените на КЗ се за амнестија на Груевски и 2/3 мнозинство за уставните измени тој потенцираше дека измените на КЗ се обид да се спаси власта од одговорност.
„ВМРО-ДПМНЕ е голема партија со свои јасни ставови. Измените на КЗ се за амнестија на власта, обид да се спасат од одговорност, 6 години ја водат државата во криминал, корупција и сиромаштија и за тоа ќе одговараат“, одговори Стоилковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа