ВИДЕО: Стојанче Ангелов брка мечка во Жировница

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на својот официјален фејсбук профил објави видео како брка мечка во селото Ќировница, каде  во последно време локалните жители се под постојан страв од наездата на мечки.

„Вечерва низ тесните улички на с. Жировница...Проблемите и опасностите секогаш изгледаат поедноставно кога се гледаат од безбедна далечина на ТВ, лаптоп или мобилен телефон“, напиша Ангелов.

По поплаките на жителите од Општина Маврово-Ростуше дека мечки се симнуваат во селата и влегуваат во нивните дворови, Владата вчера го разгледала барањето за прогласување кризна состојба и за преземање на итни мерки и одлучи во најкраток временски период да бидат отстранети сите помали и поголеми ѓубришта коишто се во непосредна близина на населените места или во самите населени места, коишто претставуваат извор на привлекување на мечката, а од локалната самоуправа се бара да ги ислисти дивите депонии. 

04.10.2023 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега