ВИДЕО: Страшна несреќа во Истра - со автомобил влета во кафуле полно со гости, едно лице загина

Едно лице настрада, а четири се повредени во несекојдневна сообраќајна несреќа која се случила во Лабин, Хрватска кога автомобил, поради неприлагодена брзина, излетал од патот и влетал во кафуле.

Во несреќата повредени се пет лица кои биле во локалот, а едно лице починало во возилото на Итната помош на пат до болница.

Неофицијално, зад воланот на абвтомобилот „поло фоксваген“ со полски регистерски таблички била девојка.

Повеќето гости заедно со сопственикот и вработените, биле присебни, па до доаѓањето на Итната помош, веднаш им излегле во пресрет на повредените, го извлекле автомобилот и го исчистиле расфрланиот инвентар за да олеснат пристап на лекарите на Брзата помош.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега