ВИДЕО: Стравична снимка од Калифорнија - гол маж бркал девојчиња додека оделе на училиште, едно соборил на земја

Снимки од бебзедносна камера на соседите прикажува маж кој гол трча по улица бркајќи две девојчиња и едно успева да фати.

Полицијата подоцна го идентификувала мажот, станува збор за 27-годишниот Џошуа Манкини. Во петокот наутро бркал две девојчиња додека оделе кон училиште во калифорниското место Фрезно.

Едно од девојчињата поминало зад паркирано комби, а мажот ја стигнал, а неколку минути подоцна можело да се слушне како таа вреска затоа што ја влечел по земја.

Тогаш се гледа како девојчето успева да стане и да се тргне од кадар. Во тој момент поминал автомобил, кој запрел и го земал девојчето, но мажот и понатаму ги следел.

Соседите од улицата се во страв за своите девојчиња, а блиското училиште им испратило на родителите известување децата кон училиштетот секогаш да одат во група или со луѓе од доверба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега