ВИДЕО: Студентите на ФИНКИ трчаа до Влада, оти немаат зграда

Студентите на ФИНКИ уште еднаш покажаа дека имаат добра кондиција. Ако до вчера и во изминатите години пешачеа од бараките до соседните факултети да слушаат предавања, денеска тие решија да трчаат до Влада, оти немаат зграда.

Студентите се незадоволни, бараат од надлежните нова зграда и пристојни услови за студирање.

По маратонот, се одржа и втор по ред протест пред Влада. Во времескиот период, од првиот до денешниот, раководството на ФИНКИ, одржа и состаноци со претставници од СОРЗ, на кои, зад затворени врати се кроеле решенија за актуелниот проблем на идните академски граѓани. 

„Оваа недела бидејќи беше повикано СОРЗ, да изнајде решение на нашиот посторен проблем, СОЗР на состанокот изјави дека немаат слободни простории од таков вид, обем, особено во близина на Tехнолошко-техничкиот факултет. И од тие причини единствено решение e да се ослободи просторот којшто го користи Бирото за развој на образованието“, изјави деканот на ФИНКИ, Боро Јакимовски. 

Деканот разговарал и со директорот на ТИРЗ. Деспотовски како можно решение, понудил БРО да ги користи старите простории на Технолошко-индустриските развојни зони, земајќи го во обзир фактот дека оваа владина агенција на инвестиции и увоз има тековна промоција на нови простории. 

Ако исходот од утрешната владината седница, не ги задоволи барањата на студентите, притисоците ќе продолжат. Според нивните најави, штрајк нема да има.

02.04.2024 - 19:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега