ВИДЕО: Студентите скокале од прозор да се спасат од пожаропт во Одеса - 1 мртов и 29 повредени во огнената стихија

Едно лице загина, 29 се повредени, а 13 се водат како исчезнати после пожарот кој се случи на Факултетот за економија, право и угостителство во Одеса, соопштила денеска украинската полиција.

„Спасувачите и понатаму се на колеџот. Настрада едно лице, а 13 луѓе се уште се водат како исчезнати. Од нив 29 се повредени“, се наведува во полициското соопштение.

Пожарот во зградата на колеџот избил во средата наутро, кога внатре имало повеќе од 400 луѓе.

Како што пишуваат тамошните медиуми, студентите скокале низ прозор од високите спратови бегајќи од пламенот, пренесува ТАС С. Спасувачките служби успеале да евакуираат 40 лица.

Огнот зафатил 4.000 квадратни метри, а пожарникарите уште го гаснат пожарот.

Полицијата покренала кривична постапка поради кршење на заштитата од пожар.

Причината за пожарот се уште се истражува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега