ВИДЕО: Сведоштва на мештаните кои виделе како паѓа српскиот воен авион - „Таков звук во животот не сум слушнала“

Слушнав еден звук, доаѓаше од Бања овилјаќе кон нашето место, малку се поместив и меѓу куќите видов како доаѓа авион - рекла Миланка, мештанка и еден од очевидците на страшната несреќа во која загинале двајца пилоти од Војската на Србија.

-Тој се преврте...и...страшно. На тој пилот треба да му се аде орден...Не знам ни дали е жив или загинал...Што се не направи за овој народ и куќите...Тоа само тие што гледаа може да раскажат, а ние тројца гледавме. Чадот беше страшен, ва потоа имаше уште едно две-три експлозии. Тоа беше еден страшен звук, во животот такво нешто немам слушнато...Како на филм кога е најлош звукот - рекла Миланка за ужасот кој го видела кога над крововите од куќите ја видела експлозијата на авионот.

Другиот очевидец е Живана, млада мајка од околните куќи која вели дека истрчала од дома да види што се случува кога го слушнала звукот.

-Нозете и рацете ми се отсекоа, се исплашив за своето дете, за другите деца - рекла Живана и додала дека потоа видела густ чад и слушнала експлозија после што почнала да вика: „Луѓе, нешто гори!“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега