(ВИДЕО) Талевски: ВМРО-ДПМНЕ и Левица се лонче и капаче, тоа го покажаа со денешните говори

 

Пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Талевски во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ изјави дека опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како што кажа, биле „лонче и капаче“. Ова го заклучил од нивните денешни „синхронизирани говори“.

„Сега во овој момент немаме надворешна блокада кон ЕУ. Сега, во овој момент, ако се случи, ќе имаме блокада од ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Со оглед на тоа и денешниот ден го покажа тоа, дека слични говори, малтане исти говори имаа претставниците коишто дискутираа од ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот од Левица, Димитар Апасиев. Значи, исти говори имаа денеска ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Тие се лонче и капаче“, изјави Талевски во „Само вистина“.

25.07.2023 - 21:41
Фото: 
Принтскрин Канал 5

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега