(ВИДЕО) Тасевска: Пад на цените на основните прехранбени продукти за 10 отсто

„Од денеска компаниите производители на основни продукти ќе добиваат поевтина цена на електричната енергија, како дел од антикризните мерки преземени од страна на Владата предводена од СДСМ“. Оваа информација ја соопшти денеска пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска.
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Press24 (@press24.mk)

Треба да се напомене дека досега веќе е намалена цената на лебот, како и на некои млечни производи и масла за јадење, но во следниот период ќе се намалат цените и на останатите основни продукти помеѓу пет и 13 отсто“, изјави Тасевска.

„Ова за граѓаните ќе значи поевтини производи и помали трошоци во семејниот буџет. Инаку, Владата продолжува со субвенционирање на цената на електричната енергија од 80 отсто за 600.000 домаќинства и за 72.000 домашни компании. Продолжува и поддршката за субвенционирање на сметки за електрична енергија за околу 4.000 семејства со ниски примања“, додаде таа.

„Компаниите кои произведуваат основно прехранбени продукти од денеска ќе добиваат електрична енергија по фиксна цена од 80 евра за мегават час, што е двојно поевтина од цената на регулираниот пазар. Ова ќе значи намалување на производствените трошоци, што ќе доведе до намалување на цените за крајните потрошувачи. Треба да се напомене дека досега веќе е намалена цената на лебот, како и на некои млечни производи и масла за јадење, но во следниот период ќе се намалат цените и на останатите основни продукти помеѓу пет и 13 отсто“, изјави Тасевска.

01.12.2022 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега