ВИДЕО: Уапсен бизнисменот кој стои зад убиството на новинарка во Малта - полицијата го пресретнала во неговата јахта

Малтешката полиција го уапсила еден од најистакнатите бизнисмени во таа земја, Јорген Фенек, поради поврзаност со убиството на познатата новинарка Дафне Каруана Галиција.

Фенек бил уапсен на својата јахта на Средоземното море.

Сопственик е и на компанијата „Black“.

Порталот Ловинг Малта пренесува дека Фенек е главен осомничен во овој случај и веројатно извршувач на убиството.

Фенек бил приведен кога полицијата го пресретнала во неговата јахта во близина на крајбрежјето на овој медитерански остров додека се обидувал да ја напушти земјата.

Неговто апсење следувало ден после објавата на властите дека ќе му понудат помилување на осомничениот посредник во убиството на новинарката, доколку каже кој е главната личност која стои зад убиството/

Каруана Галиција, која пишувала против корупцијата, убиена е во експлозија на бомба недалеку од главниот град Валета во октомври 2017 година.

Ова убиство ја шокираше Европа и покрена прашања за правата на владата во Малта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега