(ВИДЕО) Удар на гром во близина на Белата куќа - загинаа маж и жена

 

Постар брачен пар од Висконсин им подлегна на повредите кога денеска ги удри гром во близина на Белата куќа во Вашингтон, соопшти полицијата.

Загинаа Џејмс Милер (76) и Дона Милер (75), а уште две лица, кои беа погодени од громот, се хоспитализирани, јавува Би-би-си. Жртвите биле во паркот „Лафајет“ за време на вчерашното невреме кога биле погодени од гром, соопштија пожарникарите.

Паркот е во близина на седиштето на американското претседателство, па членовите на американската тајна служба беа меѓу првите што им помогнаа на настраданите. Белата куќа изрази сочувство до семејствата на жртвите и повредените.

Прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека сите „се молат за оние што сè уште се борат за своите животи“.

Гром погоди четири лица во близина на дрво до оградата околу комплексот на Белата куќа.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за грмење за областа во четвртокот.

Плоштадот „Лафајет“ е јавен парк недалеку од Белата куќа. Често е преполн со посетители, особено во лето.

05.08.2022 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега