ВИДЕО: Упасени две лица во Струмица поради непочитување на полицискиот час

Телевизија Вис во синоќешниот пренос во живо на социјалните мрежи, од состојбата на струмичките улици за време на полицискиот час, документираше апсење поради непочитување на владината мерка.

Две лица кои првично тврделе дека биле до соседниот дуќан, свесни дека не смеат да го напуштат домот, беа уапсени, поради прекршување на забраната за движење која важи за сите граѓани, во периодот од 21 до 5 часот наутро.

Лицата, од она што се гледа на снимката пружат умерен отпор при напорот на полицијата да ги уапси, но по неколку наредби да влезат во полицискиот автомобил се согласија на тоа.

Апсењето погледнете го на 20:10 од видеото.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2020 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега