(ВИДЕО) Устамитова: Во септември следно покачување на пензиите
Владата предводена од СДСМ во континуитет на дело покажува вистинска грижа за пензионерите, рече на денешната прес конференција Елена Устамитова, претседателка на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.
– Преку новата методологија за усогласување на пензиите, обезбедивме системско решение за постојан раст на пензиите, двапати годишно. Преку таквата методологија за време на перидот од јануари 2022 година до септември 2023 година, пензиите ќе пораснат за 24 отсто. По рекордното зголемување во март оваа година од 8,4 отсто, веќе од следниот месец пензиите ќе пораснат за околу 6 отсто, рече таа.
Устамитова додаде дека преку одговорен инклузивен пристап од 2017 година до сега минималната пензија ја зголемиле за 46 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа