ВИДЕО: Ужас во градинка во Пенсилванија - пет деца починале во пожар, две момчиња се спасиле скокајќи од прозор

Најмалку 5 деца настрадале, а едно лице е повредено во пожар кој избил во ноќна градинка во градот Ири во Пенсилванија, соопштиле надлежните.

Пожарот бил пријавен во 01:15 часот по полноќ, а според информациите на полицијата децата биле на возраст од 8 месеци до 7 години, пренесува АП.

Пожарот избил на првиот спрат, а како што информира полицијата две мочиња се спасиле скокајќи низ прозор.

Шефот на пожарникарната служба рекол дека инспекторите сметаат дека пожарот почнал во дневната соба на првиот кат, додека жената која живее во соседството рекла дека пожарот брзо се проширил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2019 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега