ВИДЕО: Воден Армагедон во Шпанија - водата навлегла во домовите и трговските центри, ги носела возилата како кутии од кибрит

Поплава направила пустош во Шпанија каде водата се пробила до трговскиот центар, додека истовремено однела многу автомобили.

Вознемирувачки снимки покажуваат вода како тече низ скалите во градот Хуелва.

Обилните врнежи во оваа област се одговорни се поплавите во тоа подрачје после силните бури.

Еден корисник на Твитер споделил снимки од поплавата и напишал: „Тоа е подземен Армагедон“.

Рекол и дека не може да излезе затоа што или користите лифт или се спуштате по скалите кои се поплавени.

Другите корисници на социјалните мрежи исто така споделиле фотографии од разорната поплава и потопените автомобили на улиците.

Една снимка која се споделува на социјалните мрежи прикажива скоро 20 автомобили кои наводно ги поплавила бурата.

24.09.2021 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа