ВИДЕО: Водител тврди дека неговиот син е реинкарнација на принцезата Дајана: Знае се за нејзиниот живот

Австралискиот ТВ водител Дејвид Кембел последните денови ги полни насловните страни откако открил дека неговиот 4-годишен син верува дека е реинкарнација на покојната принцеза Дајана, која загинала во сообраќајна несреќа на 31-ви август 1997-ма година, кога имала 36 години.

Дејвид вели дека тој и неговата сопруга Лиса тестирале колку детето знае за принцезата и дека биле шокирани од количината на детали кои ги знае за нејзиниот живот. 

Меѓу другото, му покажувале фотографии од различни дворци и го прашувале "кој од нив е дворецот Балморал?". Детето притоа го покажало вистинскиот, шкотски дворец, во кој Дајана и остатокот од семејството престојувале.

Тоа што е пострашно е фактот дека детето упорно повторува дека навечер по него доаѓаат духови и го земаат.

"Били не спиеше добро кога беше помал, а кога Лиса влегуваше во собата и го прашуваше зошто, тој одговараше: "Затоа што доаѓаат и ме земаат". Покажувал на кровот и додавал "но ме враќаат до утро"", вели таткото кој освен Били има уште две деца

"Се започна кога некој на мојата сопруга и даде картичка со фотографија од Лејди Ди. Били тогаш имаше две години и покажа на картата. Кажа: "Види, тоа сум јас кога бев принцеза"", вели Дејвид.

После тоа повторно ги шокирал родителите кога детално го опишал дворецот Балморал и зборувал за пријателите кои таму го посетувале. Не им е јасно од каде му е толкавото знаење за кралското семејство, со оглед на тоа дека тие на таа тема во домот речиси и да не разговараат.

Верувањето во реинкарнацијата започнало пред околу 3.000 години. Луѓето од различни култури како Индија, Кина, Тајланд и Јапонија веруваат дека сите сме проживеале неколку минати животи, некои се сеќаваат на тоа, а повеќето не. Се верува дека душата во моментот на смртта го напушта телото и влегува во ново.

Постојат луѓе кои тврделе дека се сеќаваат на своите минати животи, но во главно тие сеќавање им се јавувале додека биле деца.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега