ВИДЕО: Вооружен маж упаднал во редакцијата на американски весник - вработените евакуирани

Седиштето на медиумиската куќа Ју-Ес-Еј Тудеј (USA Today) беше евакуирано денеска попладнето откако полицијата одговорила на дојава за вооружен маж во зградата на тој американски ведник во околината на Вашингтон.

Како што пренесува АП, откако во зградата се огласил аларм, дошле повеќе полициски возила, додека вработените стоеле надвор.

Припадниците на специјалните единици видени се како патролираат во околината на седиштето на американскиот весник, додека на небото кружел полициски хеликоптер.

Полицијата Ферфакс на Твотер соопштила дека засега „не се пронајдени докази за било какво насилство или повредени“.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2019 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега