ВИДЕО: Врнело „дожд“ од пари - возачите се растрчале по автопатот и ги собирале

Возачите кои пред два дена се нашле на автопатот 285 во Атланта, САД, имале прилика да доживеат нешто за што многумина сонуваат, а тоа е да им паднат пари од небото.

Имено, во незгодата која се случила на блиндирано возило на обезбедување, кога се отворила врата и парите кои ги преенсувало возилото понале да паѓаат ги израдувало возачите.

Изгледало како дожд од пари, а возачите почнале да излегуваат и да го собираат пленот кој им се нашол. Дури во еден момент и возачот кој ги пренесувал парите го запрел комбето и им се придружил.

После ова се огласила и компанијата и сооптила дека изгуле околу 175.000 долари.

Оние кои не биле зафатени со собирање пари снимиле со своите телефони што се случувало. Додека ветерот си играл со возачите кои ги бркале парите, на прометниот пат настанал хаос, затоа што запреле околу 15 автомобили.

„Екипата која ги пренесувала парите рече дека се отворила страничната врата од комбето, но тие заедно со полицијата која пристигнала, успеале да соберат само неколку стотици долари“, рекла надлежните.

Еден од очевидците вели дека сцената била како од филм.

„Најпрво помислив дека лисја летаат на патот. Ми требаше скоро минута да сфатам дека паѓаат пари. Иако очекував хистерија и хаос, беше запрепастувачки мирно, возачите запираа еден по еден и почнаа да ги собираат банкнотите“, рекол Рандрел Луси.

Полицијата сега има полни раце работа „чешлајќи3 ги снимките на друштвените мрежи со оглед на тоа дека земањето на парите во овие ситуации претставува кривично дело. Досега се пријавиле 6 луѓе кои вкупно вратиле 4.400 долари.

  Watch: Drivers in Georgia rush to collect scattered cash after a security van spills around $175,000 (£140,000) on a Georgia highway.

Find more videos from Sky News here: https://t.co/HLX9C6WlO7 pic.twitter.com/ELYAb7tgf9

— Sky News (@SkyNews) July 11, 2019

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега