ВИДЕО: За 10 секунди била уништена највисоката зграда во Абу Даби - искористени биле 6 тони експлозив, паднала како кула од карти

Четири згради кои биле дел од Мини Плаза Тауерс комплексот во Абу Даби, уништени биле за само 10 секунди.

Рушењето на зградата која имала 144 спратови го направила компанијата Модон со користење на 6 тони експлозив.

Главната причина за рушењето бил планот за изградба на голема туристичка дестинација на подрачјето.

На рушењето присуствувала полицијата, итна служба, цивилна заштита и други служби.

Исто така, за рушењето биле користени 18.000 детонатори од кои секој бил индивидуално програмиран.

Компанијата Модон сега е сопственик на рекордот за нависока срушена зграда со контролирана експлозија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа