(ВИДЕО) Зајкова: Недозволиво е граѓаните да штедат, а политичарите и институциите да живеат како да е благосостојба
Започнуваме ново заедничко патување, тргнуваме во нов пресврт на политичкото делување на ЛДП, преку нова серија на средби со граѓаните и заедно со нив ќе ја изработиме новата, победничка програма на ЛДП за парламентарните избори. Оваа програмска платформа не е за да се собираат политички поени, туку е платформа во која граѓаните дефинираат што бараат од нас да спроведеме, рече претседателката на Либерално-Демократската партија, Моника Зајкова на тематската конференција на партијата „Секој е важен! Овде и сега.“ која се одржа вчера во Скопје.
- Недозволиво е граѓаните да штедат, а политичарите и институциите да живеат како да е благосостојба! Затоа ние ќе се бориме за намалување на бројот на министерства и други органи, 90 наместо 120 пратеници во Собранието, Македонија една изборна едница со отворени листи за избор на пратеници и советници за поквалитетни претставници на граѓаните, намалување на паушалите на членовите во управните и надзорните одбори, изборот на Претседател на државата да се врши во Собранието со 2/3 мнозинство, што ќе значи надминување на многу проблеми, пазарења но и финансиска заштеда, рече претседателката Зајкова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа