ВИДЕО: Заседа на американски начин - сакала да го паркира својот автомобил, па настанал неред за неколку секунди

Во американскиот град Стерлинг Хајтс снимено било пукање во кое жртвата за среќа поминала со мали последици.

Пукањето го снимила безбедносна камера и се гледа како осомничениот пука во женски автомобил од само неколку метри далечина. 

„Имал намера да убива тој ден“, рекол полициски службеник Марио Бастианели.

На снимката се гледа како жртвата го паркира својот автомобил рано наутро додека неколку автомобили стојат на паркингот позади. Како што таа се движи наназад автомобили почнуваат да ѝ го попречуваат патот и од нив излетува момче и пука од прозорецот.

Жената додала гас и успеала да избега со автомобилот, додека момчето почнало да ја следи со своето возило.

„Само милост Божја ја спасила да не биде убиена“, рекол Бастианели.

„Бил многу близу до неа, но промашил, за чудо“.

Жената се здобила со полесни повреди.

„Мислам дека секој кој има здрав ум би се исплашил, затоа што тој имал намера да ја убие“, рекол Бастианели.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега