ВИДЕО: Застрашувачка сцена во Италија - стотина возила оштетени од град со големина на тениско топче

Силно невреме проследено со град ја погоди северна Италија. Силна бура го погоди подрачјето кај градот Парма.

За силината на невремето најдобро зборува податокот дека поради градот, на автопатот помеѓу Парма и Пјаченца се оштетени неколку стотина возила и дека сообраќајницата била затворена извесно време.

Како што може да се вид на снимките, возачите ги сопреле своите автомобили, а на возилата е видлива штета, пред сѐ пукнати стакла.

Како што јавуваат италијанските медиуми, поради невремето имало и неколку сообраќајни несреќи.

На социјалните мрежи се споделува дека градот бил со големина на тениско топче.

Силен ветер, обилни дождови и град предизвикале значителна материјална штета и во Модена. Таму невремето корнело дрвја, покриви, а некаде имало и поплава.

27.07.2021 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа