(ВИДЕО) Жена од Доброште е жртва во несреќата пред тетовска патарина

45 годишната Ф.Л од тетовското село Доброште загина во сообраќајната несреќа која претпладнево се случи на автопатот Скопје – Тетово.

Од СВР Тетово велат дека несреќата се случила во близина на Добарски натпаник кај местото Еребино. Жената управувала џип Тојота Рав со американски регистарски ознаки и сама била во возилото. Несреќата се случила пред 11 часот, а како што велат од СВР Тетово, до трагедијата дошло откако возилото излетало од коловозот.

На местото на несреќата увид прави Јавен обвинител, а учествува и тетовска полиција.

21.10.2021 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа