ВИДЕО: Жена викала „Алаху Акбар“ и се заканувала дека ќе се разнесе - драма на станица во Лион

Железничката станица Бар-Дију во Лион е евакуирана поради дојава за бомба и полициска операција е во тек, соопштила полицијата додавајќи дека една жена е уапсена.

Како што наведуваат локалните мдиуми, жената која носела неколку торби се заканувала дека ќе се разнесе и извикала „Алаху Акбар“.

Тимот за деактивирање на експлозивни направи е на лице место и го проверува теренот.

Полицијата и војската формирале кордон околу станицата и го затвориле влезот.

Новинарката Жулијен Дамбоа навела дека патниците го оставале својот багаж и бегале од станицата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега