ВИДЕО: Живот во излоација поради корона вирусот - жителите на Вухан на балконите скандираат и ја пеа химната

Жителите на централниот кинески град Вухан се затворени во своите станови, па прават се за подобро да се најдат во градот кој е изолиран поради избивање на новиот, опасен вирус.

 

Така на пример, станарите на поедини облакодери во понеделникот вечерта излегле на балконите и прозорците и заедно ја пееле химната и другите песни, пренесува АП.

Рефренот од химната чиј превод гласи „стани, стани, стани“ одекнувал меѓу кулите.

Кина денеска потврди дека од новиот вирус починале 106 лица и дека повеќе од 4.500 се заразени, главно во Вухан, каде епидемијата почнала во декември.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега