ВИДЕО: Змија прекина фудбалски натпревар во Србија, судијата каснат


Огромна змија прекина фудбалски натпревар во Србија. Судијата при обид да ја исфрли од теренот бил касанат двапати.

Кога се појавила змијата сите фудбалери се оддалечиле. Се обидувале да ја избркаат, но не успевале при што судијата ја нагазил па ја фатил и ја исфрлил од теренот. Во таа прилика змијата двапати го каснал.

„Се случи една многу необична ситуација. На теренот се појави змија која доведе до прекин на натпреварот. Фасцинантно е што судијата успеа да ја фати змијата и да ја отстрани од теренот, а змијата не беше повредена“ – стои во објавата на Инстаграм

„Според досегашните информации, се покажа дека судијата бил отпорен на двете гризнувања“ – соопштија од нисколигашот Горња Синковца.

Откако змијата била исфрлена од теренот натпреварот продолжил.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nize Lige na REPUBLIKA.RS (@nizelige5)

15.04.2024 - 15:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега