Видео: Змија се појавила среде возење кај менувачот - преплашена жена не знаела што ја снашло

 

Најстрашната ноќна мора за повеќето возачи е среде возење да ви излезе змија од отворот за вентилација и да тргне директно кон вас. Токму тоа се случило со жена од Веринија која покажала неверојатна смиреност и храброст.

Лора Гоф која тргнала со автомобилот на пауза за ручек само неколку улици после канцеларијата слушнала дека нешто се движи кај менувачот.

За среќа. кога змијата излегла од отворот за вентилација, таа возела 40 километри на час.

Успеала мирно да го паркира автомобилот на страна од улицата, да излезе надвор и да повика надлежна служба. Меѓутоа змијата отишла под седиштето. Лора, кој веќе го имала блокирано сообраќајот морала да го тргне автомобилот од улица, па со змијата под седиште да се врати назад до канцеларијата. Потоа купила леплива трака за фаќање глодари и ја оставила во автомобилот.

Надлежните предупредуваат во летните периоди да се прегледуваат автомобилите, особено ако врнело дожд, бидејќи автомобилите се совршено скривалиште за овие влекачи.

 

 

 

 

13.06.2018 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа