ВИДЕО:Се соблече топлес среде емисија во живо- Мексиканска пејачка ги изненади сите, а водителот мораше да се извини

Познатата мексиканска пејачка и актерка Ниурка Маркос (53), на изненадување на гостите во шоуто „Де Примера Мано“, реши да се соблече топлес и да ги покаже своите гради преку видео повик.

Режисерот успеа брзо да реагира, па се префрли на друга рамка, а водителот Густав Адолфо Инфанте им се извини на гледачите на крајот од шоуто. Тој додаде дека никогаш не му паднало на памет дека ќе се случи вакво нешто.

Инаку, пејачката ги раскажа настаните од нејзиниот одмор на познатата нудистичка плажа Зиполит во Мексико. Таму, таа беше фотографирана топлес и објави сè на социјалната мрежа. Сепак, таа мораше да ги цензурира фотографиите.

Ниурка е позната на јавноста по учеството во Големиот брат Мексико во 2004 година, а зад себе има три брака и три деца.

11.07.2021 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега