Видеосредба на Димитров со министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати

Министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари видеосредба со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати, шеик Абулах бин Зајед Ал Нахјан, на која е констатиран досегашниот развој на пријателските односи меѓу двете земји и истакната заложбата за натамошно продолжување на политичкиот дијалог и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Димитров искажа благодарност за  подготвеноста за размена на искуства во однос на новите методи на тестирање што се применуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и разгледување на можностите за конкретна поддршка на Северна Македонија во борбата со КОВИД-19 и за напорите за сузбивање на економските последици од пандемијата.

-Посебно нѐ радуваат високите оценки за квалитетот на македонските земјоделски и прехранбени производи и во тој контекст, отвореноста на  ОАЕ  за нивен пласман на тамошниот пазар. Тоа ќе биде од круцијално значење за нашата економија во пост-КОВИД периодот, истакна шефот на македонската дипломатија.

Како што наведува МНР во соопштението, министрите разменија мислења за економските односи и  соработката на билатерален и мултилатерален план, за актуелните состојби во двете земји во справувањето со здравствената криза и социоекономските последици од пандемијата, како и за решенијата за нивно надминување со заедничка соработка и солидарност. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега