Викендов уживајте во убавото време: Од понедeлник и дожд и снег

Претпладне променливо облачно, на повисоките планини на северозапад со повремен слаб снег. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (над 60 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.

Под влијание на влажен бран во понеделник во вечерните и ноќните часови в западните делови ќе има врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и во вторник и ќе се прошират насекаде. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. На повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Локални врнежи од снег ќе има и во среда претпладне.

29.01.2022 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега