Вилма Рускоска се врати на работа

Шефицата на обвинителството за гонење на огранизиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која ја води истрагата за „Рекет“, денеска се вратила на работа, потврдија за 360 степени од оваа институција. Таа го искористи законски предвидениот минимум за годишен одмор и од денеска продолжува со работните обврски, велат од Обвинителството.

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, неколкупати најавуваше дека неделава во обвинителството ќе биде повикана и шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, но сè уште нема прецизен датум кога таа ќе сведочи за „Рекет“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега