Вкупно 259 лица заразени со коронавирус во Македонија: Како изгледа мапата на заболени со коронавирусот по градови

Според последните податоци кои министерот за здравство Венко Филипче ги објави вечра, вкупната бројка на заболени со коронавирусот во Македонија изнесува 259 лица.

На Инфективната клиника во Скопје хоспитализирани се вкупно 49 пациенти од кои седум се со потешка клиничка слика – пневмонија, воспаление на  белите дробови, но нема пациенти кои се лекуваат на респираторна машина. Стабилна е и состојбата на сите други пациенти ширум државата. 

Како изгледа моментално бројот на заболени по градови покажува првата интерактивна мапа.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје – 145, Дебар – 46, Куманово – 21, Штип- 14, Прилеп – 8, Велес – 6, Тетово – 5, Струга- 5, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Битола – 1, Гевгелија – 1 и Струмица – 1.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега