Вкупно 470 лица заразени со коронавирус се хоспитализирани низ болниците во Македонија - двајца пациенти се на респиратор

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа биле направени 2306 тестирања, доноснос регистрирани 438 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-200, Куманово-21, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-13, Тетово-27, Велес-7, Битола-18, Охрид-16, Кавадарци-9, Гостивар-2, Гевгелија-10, Струмица-30, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-3, Берово-2, Валандово-3, Виница-3, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-9, Ресен-5, Неготино-5. 

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 65 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 229, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2020 - 19:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега