Вкупно 6.069 активни случаи на коронавирус во земјава - Скопје, Струмица и Тетово со најмногу заболени

Министерството за здравство соопшти дека денеска во Македонија се регистрирани 641 нови случаи на вирусот Ковид-19, што претставува рекорд на новозаболени од почетокот на пандемијата. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24836, бројката на оздравени пациенти е 17905, на починати е 862, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6069. 

Најмногу активни случаи во земјава има во Скопје, Струмица и Тетово, каде има над 300 заразени.

Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 10493, активни 2983

• Куманово 2024, активни 252

• Дебар 310, активни 49

• Штип 1486, активни 172

• Прилеп 973, активни 237

• Тетово 1786, активни 314

• Струга 759, активни 78

• Велес 458, активни 113

• Битола 490, активни 152

• Охрид 543, активни 116

• Кавадарци 352, активни 102

• Гостивар 1053, активни 111

• Гевгелија 287, активни 150 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 44 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 630, активни 369

• Крива Паланка 193, активни 67

• Радовиш 184, активни 72

• Крушево 21, активни 1

• Кочани 583, активни 181

• Пробиштип 144, активни 16

• Демир Хисар 71, активни 10

• Македонски Брод 98, активни 4

• Пехчево 57, активни 11

• Берово 175, активни 46

• Валандово 86, активни 46

• Виница 154, активни 51

• Делчево 215, активни 118 (43 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 

• Кратово 34, активни 8

• Свети Николе 430, активни 59

• Кичево 442, активни 96

• Ресен 210, активни 46

• Неготино 95, активни 39 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега