Влада на РМ: „Воинот на коњ„ нема да се урива, туку ќе се преименува

 

Споменикот „Воин на коњ„ нема да се урне, туку ќе се преименува во Александар Македонски, изјави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски за „Макфакс“.

– Спомениците кои ја отсликуваат хеленската култура како историско наследство на светот, ке го добијат тој епитет. „Воинот на коњ“ ќе го преименуваме во Александар Македонски и ќе дадеме објаснување дека е дел од хеленскиот антички период и како светскио културно наследство. Нема уривање, тој станува симбол на пријателство меѓу Макеоднија и Грција. Ние не се срамиме да ги нарекуваме спомениците така како што се, кажа Бошњаковски.

 

 

 

13.06.2018 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа