Close Menu
    Најново

    Координативен состанок во Владата: Утврдени приоритетите и роковите за клучните реформи

    21.12.2025 во 16:07

    Се судрија два камиони кај Желино – повреден возач од „Македонија пат“

    21.12.2025 во 16:02

    Мицкоски: Образованието на мајчин јазик не е само потреба, туку длабока цивилизациска вредност

    21.12.2025 во 15:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Координативен состанок во Владата: Утврдени приоритетите и роковите за клучните реформи
    • Се судрија два камиони кај Желино – повреден возач од „Македонија пат“
    • Мицкоски: Образованието на мајчин јазик не е само потреба, туку длабока цивилизациска вредност
    • Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
    • Дала 60.000 денари за спас од проблеми: Измамник од Сарај ѝ продавал „волшебна амајлија“
    • Тешка ноќ на патиштата: Два „Голфа“ излетаа од коловоз, повредени се и малолетници
    • Ужас во Прилеп: 42-годишник претепал малолетничка и со сила ја пикнал во автомобил
    • Вооружен Нигериец нападнал полицаец пред дискотека во Градски парк
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Влада: Последните 6 месеци растат платите во здравството, образованието и безбедноста

    Влада: Последните 6 месеци растат платите во здравството, образованието и безбедноста

    10.04.2025 во 10:32
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во последните шест месеци Владата ги зголеми платите на вработените во здравството, образованието и безбедноста. Ова денеска го велат од Владата.

    – Просветните работници и сите вработени во образованието добија покачување од 12 проценти. Првото покачување од 5 проценти го добија со септемвриската плата исплатена во октомври минатата година. А второто покачување од 7 проценти го добија со мартовската плата, исплатена во април. Со ова го враќаме изгубеното достоинство на просветните работници кои ги создаваат идните генерации во државата, велат од Влада.

    Додаваат дека здравствените работници, медицинските сестри, техничари и административен персонал за шест месеци добија покачување на платите од 15 проценти. Додека пак, матичните лекари и гинеколози добија покачување на капитациониот бод од 33 проценти, а стоматолозите на 22 проценти.

    Велат, службените лица во МВР кои се грижат за безбедноста и сигурноста на граѓаните и државата добија покачување на платите од 10 проценти. За ова зголемување на платите на 12.000 полицајци од буџетот се обезбедени 800 милиони денари.

    – Владата се грижи за сите граѓани. Зголемувањето на платите продолжува, до крајот на мандатот во здравството и образованието предвидено е да се зголемат за 46, односно 50 проценти. Ова е резултат на домаќински структуриран и осмислен буџет и на доброто работење на Владата. Продолжуваме да работиме во интерес на сите граѓани, стои во соопштението.

    Популарно

    Трагедија на автопатот Белград-Ниш: Загинаа маж и жена, македонски државјани

    21.12.2025 во 10:54

    Падна семеен бизнис кај гевгелиско: Таткото одгледувал, синот продавал

    21.12.2025 во 10:47

    Маглата не попушта: Откажани 20 летови до пладне, намалена видливост се очекува и утре

    21.12.2025 во 13:28

    Од дом од Гостивар излегле со плен од 65.000 евра – полицијата ги фати

    21.12.2025 во 11:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.