Влада: Произведени 16.603 MWh електрична енергија во изминатото деноноќие

АД ЕСМ на 23.01.2023 година произведе 16.603 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти, информираат од Владата.

Во Термоелектраните произведени се 12.225 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.378 MWh.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 23.01.2023 година.

24.01.2023 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа