Влада: Странските дипломати и нивните семејства не треба да бидат изземени од задолжителениот карантин

Владата на својата денешна седница разгледа и донесе Протоколот за влез во Македонија на странски дипломати акредитирани во земјата и членовите на нивните семејства, со кој се предвидува дека начелно тие не треба да бидат изземени од мерката задолжителен карантин.

– Со цел да се почитува Виенската конвенција за дипломатски односи, а во исто време и да се почитуваат националните закони и правила (кои дипломатите согласно Виенската конвенција мора да ги почитуваат) мерката државен карантин ќе се применува само онолку колку што е нужно, се наведува во Проотоколот.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за надворешни работи веднаш да ги извести сите странски дипломатско конзуларни претставништва акредитирани во Република Северна Македонија за усвоениот Протокол.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега