Влада: Заев нема куќа на Халкидики

Владината пред служба во име на премиерот Заев демантира дека тој поседува куќа на Халкидики. 

Медиумските содржини објавени во некои информативни гласила дека претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев поседува вила на грчкото приморје се лажни и тенденциозни. Владата на Република Северна Македонија, во име на премиерот Заев, категорично и целосно ја отфрла веста, дека премиерот Заев не поседува куќа во Грција, се наведува во соопштението на Владата.

„Бараме сите медиуми коишто ја објавија лажната вест во целост да го објават овој демант, во спротивно ќе се преземат сите правни механизми во насока на зачувување на угледот на засегнатите страни. Владата на Република Северна Македонија останува на определбата за борба против дезинформациите кои се главен непријател на демократијата и општествениот напредок. Граѓаните имаат право на пристап до релевантни и вистинити информации и Владата преку јавните институции и отворената соработка со медиумите и медиумските здруженија воспостави нови практики на почитување на принципите на вистинитост, отчетност и транспарентност“, се наведува во соопштението од Влада.

Реакцијата следи откако претходно бугарски медиуми објавија дека не прмеиерот туку неговиот брат преку буфарска фирма купил во негово име луксузна куќа на Халкидики. 

Реагираше и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој рече дека куќата на Халкидики е доказ за криминалот на мафијата на власт. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2020 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега